fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мразот и Сланата кои пролетва паднаа најмногу штета предизвикаа во Росоман, овоштарите уште не се обесштетени

Во Велешко, причинетата штета беше проценета на 8,6 милиони денари.Родот бил уништен од мраз, слана и сињак. Штетите биле констатирани кај насадите од грозје, праска, кајсија, круша, слива, бадем, јаболка, цреша.

Сланата и мразот, кои паднаа пролетва во април, годинава најмногу ги погодија овоштарите и лозарите од Општина Росоман, каде измрзна 90 отсто од родот. Проценките од формираните комисии покажале дека е предизвикана штета од 452,7 милиони денари, кај 729 производители. Во соседната Општина Градско, причинета е штета од 143 милиони денари, кај 106 одгледувачи. Во Велешко, причинетата штета беше проценета на 8,6 милиони денари.Родот бил уништен од мраз, слана и сињак. Штетите биле констатирани кај насадите од грозје, праска, кајсија, круша, слива, бадем, јаболка, цреша.

Елаборатот за проценета штета од измрзнувањето што зафатија дел од териториите на Општините Росоман, Градско и Велес на 8 и 9 април годинава бил испратен до Генералниот секретаријат на Владата и Републичката комисија за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи, со предлог за целосно или делумно обесштетување.

По реакциите дека сè уште нема одлука со колкав процент ќе бидат обесштетени овоштарите и лозарите, од Владата соопштија дека надлежната Комисијата била задолжена да продолжи со процедурата за проценка и утврдување на штетата по предметите од овие општини, по пристигната коригирана документација. Рокот за постапување по овие предмети изнесува 120 дена од пристигнувањето на елаборатите.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/mrazot-i-slanata-koi-proletva-padnaa-najmnogu-shteta-predizvikaa-vo-rosoman-ovoshtarite-ushte-ne-se-obesshteteni/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close