вести

Нови 10 милиони денари за инвестиции во инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште

Сите единици на локалната самоуправа од денеска па сè до 17 ноември ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка од Програмата за рурален развој, поточно за Мерката 124 инвестиции во инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште“, односно реконструкција или пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

„Преку оваа мерка, на располагање се ставени вкупно 10 милиони денари, општините овие средства може да ги користат во капитални инвестиции, за подобрување и олеснување на животот на граѓаните во руралните средини и полесен пристап до нивите. Една единица на локалната самоупрва може да користи максимално до еден милион денари. Со помош на оваа мерка ќе дадеме значаен придонес во пристапот до нивите и до обработливите површини, што во моментов претставува проблем за земјоделците. Ги повикуваме сите општини што имат потреба, во рамките на Програмата и во крајниот рок, да ги поднесат своите предлог-проекти, и овие средства за капитални инвестиции ефикасно да ги искористат во унапредување на условите за живот на земјоделците, како и да им ја олеснат работата на поле“, рече Бабовски

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а средствата што ќе им бидат доделени општините ќе може да ги користат за набавка на градежни материјали и елементи за конструкција, да платат услуги од трети лица за надзор и изведување градежни работи, за изработка на елаборати, за изработка на студии или планска и техничка документација.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени инвестиции од страна на корисникот, во висина од 100% од вредноста на одобрените, прифатливи трошоци за инвестицијата. Средствата од финансиската поддршка, по барање на корисникот може да се доделат на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата врз основа на времени ситуации од надзор или документација за набавка на опрема.


 

makfaks

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close