вестиСоветиТоп вести

Садење во саксии: Како да изберете квалитетна подлога?



Успешното контењерско  градинарство  или растителното одгледување во саксии започнува со употреба на соодветен супстрат. Бидејќи различни видови на растенија бараат различни основни ѓубрива за одгледување, не е можно да се пронајде универзален супстрат што ќе одговара на секое растение. Сепак, одредени состојки на универзални подлоги сигурно можат да бидат погодни за вашите растенија.

За одгледување здрави растенија во контејнери или саксии, подлогата мора да ги има следниве карактеристики:

  • Да може да се одржи водата доволно долго;
  • Да може да има струење на воздух;
  • да има добра дренажа и
  • да има соодветна PH вредност.

Покрај изборот на добар супстрат, најдобро би било сами да си направите мешавина што ќе одговара на одредена врста на растение.

 

Способност на супстратот да ја задржува водата

Бидејќи подлогата се суши многу побрзо во контејнерите или садовите за одгледување растенија од почвата во градината, од најголема важност е да се избере подлога што има можност да задржи вода, како коренот на растението не би останал  без вода.

Органскиот тресет е најчестата состојка на подлогата која може да се најде во продажба, пред се заради неговата способност да задржи до триесет пати повеќе вода од нејзината тежина.

Друга солуција во органското производство се кокосовите влакна, т.е. ренданите лушпи од кора на кокос.
Друго решение е компост. Без разлика дали е купен или направен самостојно, претставува добар додаток на подлогата бидејќи помага да се задржи вода, иако самостојно може да не е доволен елемент за одгледување растенија.

 

Аерација

Воздухот е исто толку важен за растенијата колку што е и водата. Без соодветна аерација, растението буквално може да се задуши поради недостаток на кислород. Кога подлогата е набиена во контејнерот, честичките што ја сочинуваат мешавината на подлогата стануваат премногу дебели, што може да го блокира протокот на воздух во коренот на растението.

 

Подлоги од тресет и хумус задржуваат вода така што садовите не се исушат премногу брзо, но од друга страна може да станат премногу тешки ако некои полесни компоненти не се вклучени во мешавината на подлогата.

Сами и без тешкотии, можете да го подобрите и оплемените  супстратот за  семето. На пример, со додавање на песок и други додатоци, можете да го надминете проблемот со тешки мешавини од подлогата со тоа што ќе ги направите полесни и ќе ја подобрите аерацијата.

Дренажа

Коренот на растението  мора да има лесна дренажа. Со исклучок на мочуриштата и другите водни растенија кои можат да преживеат со корени натопени со вода, повеќето други растенија би се удавиле доколку нивните корени биле во вода. Органските подлоги се распаѓаат со текот на времето, ја стврднуваат почвата и предизвикуваат проблеми со дренажата.

Некои проблеми поврзани со дренажата немаат никаква врска со изборот на подлоги, туку се однесуваат само на самите контејнери и нивната конструкција. Контејнерите и садовите мора да имаат дупки  со соодветна големина за дренажа, а во исто време треба да се провери дали корените на растението нема да  ги затнат овие отвори и со тоа да се спречи дренажата.

Ph вредност

Ph вредноста на подлогата може да биде штетна за одгледување на растенија, особено ако смесата содржи високо кисели компоненти, како што се тресет мов. Несоодветна ph вредност може да го задуши развојот на растение, дури и да ги убие.

Додавањето варовник во подлогата, според препораките  за одгледување на соодветното растение, може да ја зголеми pH вредноста и да ја направи подлогата посоодветна за растење

 

Извор:  Homeguides

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close