вестиТоп вести

 Хемомак пестициди и германски BASF ја продолжуваат традицијата со врвни советувања за земјоделците

 

Зимскиот период е време кога работите на полето се намалени и тогаш е вистинското време кога сериозните компании кои се вистински партнери на земјоделците  работат  неуморно на едукација на земјоделците во областа на заштитата како еден од клучните сегменти објаснувајќи ги сите светски новини.. Па така и нашите земјоделци пред се одговорните за заштитат во професионалните земјоделски компании како и посериозните индивидуални производители се редовни на најдобрите обуки кои за нив ги организира Хемомак пестициди секоја година во периодот пред да почне новата реколта. Собрани од цела Македонија, од сите производни региони и овој пат покрај велешкото езеро салата беше претесна да ги собере присутните кои сакаат да се во тек со сите новини кои се во Европа и во светот, да ги слушни препораките за начините и времето на аплицирање како и да се добие клучната информација на кои препарати да им се довери заштитата во едни временски услови кои заради климатските промени стануваат се по проблематични. На советувањето беа присутни и врвни експерти од оваа област од Србија од претставништвото на BASF кои во детали ги објаснуваа сите важни работи за новите препарати кои треба да бидат столбот на заштитните програми за претстојната производна реколта било да се работи за лозарство, овоштарство или градинарство.

-Освен климатските услови кои стануваат се по сурови препаратите треба да ги исполнат и строгите услови кои ги бара европската регулатива во поглед на ефикасноста истовремено заштитувајќи ја животната средина.

На денешното предавање за виновата лоза зборував токму за два такви препарата. Еден е DELAN PRO наменет за сузбивање на пламеницата кој има дополнително делување на црната трулеж и на фомопсисот кој е еден системик кој ги поттикнува и природните механизми на отпорност на растението. Другиот производ е SERCADIS кој е доста значаен за македонскиот пазар заради проблемот со пепелницата во лозјата кој е доста присутен. SERCADIS за него велиме дека е новиот стандард во уништување на пепелницата а има дополнително делување и на црната трулеж. Овие два препарата се идеaлна комплетна комбинација за заштита од најзначајните болести во лозарството, рече Александар Јотов од BASF.

Подеднакво значајна е заштитата во овоштарството. Годинава овоштарите производители на праски беа под засилен мониторинг при извозот за Русија за тоа какви препарати се користат при сузбивањето на монилинија фруктикола.

-Со промената на климата болестите стануваат се по агресивни и за нивно успешно сузбивање освен вистинското време потребно е да се избере и сигурен и квалитетен препарат. За тафрина односно за виткањето на листовите исклучително ефикасен е DELAN во фаза на бабрење на папките. Потоа во фаза на цветање успешно и долгорочно се сузбива со SIGNUM кој долги години се докажа како најдобриот за заштита а од друга страна не остава резидуи кои се значајни при извозот рече Љубиша Миленковиќ од  BASF.

 

Советите за градинарите се однесуваа на употребата на новиот фунгицид, SERCADIS PLUS за дамкавост на листот кој има брзо и сигурно дејство и на голем број на предизвикувачи на болести од типот на дамкавост, алтернариа, антракноза и пепелница. Покрај болестите затоплувањето на климата донесе и штетници кои стануваат се побројни и потешки за сузбивање како што е во прв ред TUTA ABSOLUTA која со помош на ALVERDE  може да се контролира. Овој препарат има различен начин на делување односно по внесувањето во организмот на инсектот делува така што ја спречува натамошната исхрана по што доаѓа до угинување на овие инсекти.

З.Б.

 

Слични написи

Back to top button
Close