fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„МЛЕКО 2022“-настан кој ги слави малите семејни фарми, домашните раси на животни, млеко и сирења

Прилеп

МЛЕКО 2022“ е еднодневен настан кој оваа година ќе се одржи на 03 септември 2022 година во Прилеп под мотото “Како да се „бие“ млекото?“, а во организација на „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“.

Биенален настан, посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства, чии претходни изданија се однесуваа на заборавените автохтони млечни производи (Скопје 2014), пасиштата и регулативите (Битола 2016), расите на млекодајни животни и козарството (Скопје 2018).

Овогодинешното четврто издание има за цел преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да отвори дебата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

На манифестацијата ќе присуствуваат сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти од здруженија и сите оние што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во веселата дружба  и во различноста на вкусовите. Програмата на „МЛЕКО 2022“ ќе понуди изложба и пазар на сирења и други производи од преку 25 производители, панел дискусии, изложби, детско едукативно катче, културно-уметничка програма.

Настанот е можност да им се даде видливост на младите млекари, малите семејни сточарски фарми и нивните се повеќе уникатни сирења и млечни производи.

Придонесот на Слоу Фуд во повторното „откривање“ на секторот  преку проширување на видиците за можностите кои постојат, варијантите на сирења кои може да се направат, трендовите на пазарот и побарувачката од потрошувачите е од големо значење во промоцијата на различните региони, зачувувањето на традиционалните, но и надоградување на техниките за производство и зачувувањето на животната средина.  Ајде заедно да размислиме и одговориме на прашањето како да се „бие“ млекото денес, со сите предизвици кои не пресретнаа. Како да се произведе вистинско сирење со препознатлив вкус, а тоа да биде исплатливо и достапно за секого?

Во сабота на 3 септември, паркот околу градскиот часовник во Прилеп ќе нуди повеќе од сенка и клупи за одмор затоа бидете таму, на „зборното“ место. Заедно ќе „направиме“ МЛЕКО за паметење!

Настанот се реализира со поддршка на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Прилеп, како и со придонес на нашите спонзори и поддржувачи: „Концепт продукција“, „Евро стил“, “Горска вода“ и пекара „Маја“.

Програма „МЛЕКО 2022“, 03.09.2022, од 10.00-18.00 часот, во паркот до Саат Кулата во Прилеп

 

10.00-18.00 часот Изложба и пазар на млечни и други производи

10.30-11.00 часот Отворање на настанот – поздравни говори

11.00-11.30 часот Културно-уметничка програма

11.30-13.30 часот Сензорно оценување на биено сирење, бр1.

12.00-13.00 часот Панел дискусија 1. Каква е патеката на сирењето од пасиште до трпеза?

12.00-14.30 часот Детско едукативно катче

14.00-15.00 часот Панел дискусија 2. Како да го валоризираме биеното сирење, пред да го изгубиме?

14.30-15.00 часот Сензорно оценување на биено сирење, бр2.

11.30-18.00 часот  Изложби:

·         Во светот на млекото!

·         Млекарска опрема од Евро стил

16.00-18.00 Музичка програма

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close