fbpx
Вести

11 стада зафатени од болеста „Чвореста кожа“

Ширењето на болеста јазлеста (чвореста) кожа кај говедата е еден од проблемите за кои ќе решава владиното управувачко тело за справување со кризи во Центарот за управување со кризи. Состанокот е свикан итно, откако, според информациите на ЦУК, во Македонија од егзотичната болест се зафатени 11 стада со вкупно 192 говеда.

11 stada zafateni od bolesta chvoresta kozha

 

Надица Вчкова, портпаролка на Центарот за управување со кризи, ни потврди дека за вчеравечер по 19 часот бил свикан состанок на управувачкото тело, чиј претседател е министерот за здравство Никола Тодоров.

“Една од темите за кои треба да се разговара е ширењето на болеста јазлеста кожа кај говедата. На дневен ред треба да се најде и мигрантската криза, како и случајот со морбили кај бегалец”, ни рече Вчкова, напоменувајќи дека повеќе информации за донесените одлуки ќе има во текот на денешниот ден.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство вчера немаше одговор дали има нови потврдени случаи на јазлеста кожа кај кравите во Македонија, за колку животни се работи и во кои региони се наоѓаат.
Според информација од Дирекцијата за заштита и спасување, повикувајќи се на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, нови жаришта има во Делчево, Радовишко, Штипско, за кои и лабораториски е потврдено постоење на болеста кај добитокот. Потврдени се уште 3 нови региони и за две места постојат само сомнеж за појава на болеста.
“Потврда од лабораториски испитувања има и за селата Иловица и Моноспитово во Општина Босилево и во населеното место Висока Мала во Општина Василево, Струмичко, а има сомнеж и се чека резултат од лапаротомија за село Канатларци во Општина Прилеп”, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Оттаму посочуваат дека досегашните искуства укажуваат дека единствена заштита е вакцинирањето на животните, но додаваат оти се неопходни од еден до три месеци за набавување на вакцината.
“Со цел спречување на ширење на болеста, воспоставени се три заштитни зони во радиус од три, 10 и 50 километри околу жариштата, изработени се и доставени Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиштата/фармите за заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло и останати сет мерки кои можат да ја загрозат состојбата на животните”, велат од ДЗС.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close