вестиТоп вести

12 работи што НИКОГАШ не треба да се компостираат

Се сеќавате на времето кога имавме само една корпа за отпадоци? Тие денови не беа навистина добри, затоа што сме фрлиле в ѓубре многу корисни работи со кои можевме да ги храниме нашите градини. Денес, кантата за ѓубре или просторот за компост се сметаат за работи за економичен и одржлив начин на размислување.

Сепак,  и во тие корпи, се ставаат многу работи што не треба да се ставаат, а кои можат да им нанесат повеќе штета отколку корист  на градините. Затоа, направивме список на работи што никогаш не треба да се компостираат.

  1. Производи од тесто

Ова вклучува колачи, тестенини и повеќето пекарски производи. Ако ставите нешто од тестото на куп компост, сте испратиле покана до штетни инсекти.

  1. Масло за подготовка на храна

Ако го истурите маслото што го користевте при подготовка на храна на компостот, тоа ќе мириса на храна и ништо нема да ги спречи  помалите животни и инсекти  да дојдат до него. Можете исто така да ја нарушите рамнотежата на влагата  во  компостот.

  1. Заболени растенија

Многу е важно секоја растителна маса да биде темелно проверена пред да се стави во компост. Сигурно  не сакате да пренесете некои  габични и бактериски инфекции на вашите нови растенија.

  1. Печатена и пластифицирана хартија

Долг е списокот на печатени хартии и картон, вклучувајќи  списанија, каталози, флаери, разни пакувања. Денес, кутиите се обложени со тенок слој лак, што не е класичен пластичен слој, но е подеднакво токсичен.

  1. Животински измет

Кога велиме животно, првенствено мислиме на месојадци. Простирките и измет се  корисни, но во помали количини.

  1. Месни производи

Овде се подразбира  коски, крв, риба и животински масти. Сето ова е уште еден магнет за штетниците.

  1. Млечни производи

Воздржете се од компостирање млеко, сирење, јогурт … Иако сигурно ќе се распаднат, тие се привлечни за штетниците.

  1. Ориз

Сварениот ориз е невообичаено плодна почва за размножување на неколку видови бактерии кои не ги сакате во грамадата од компост. Суровиот ориз привлекува вошки, молци и слични инсекти

  1. Инвазивни градинарски растенија

Глуварче, бршлен, јапонска детелина се примери на растенија или плевели кои веројатно сметаат дека вашиот куп од компост е одлично живеалиште за развој наместо распаѓање.

  1. Дрвени деланки

Пилевината е добра само ако знаете дека дрвото не е третирано. Ако не знаете, не додавајте го

  1. Орев

Оревот содржи југлон, природно соединение кое се наоѓа во лисјата и другите делови, кора, цвет, овошна фолија. Одредени растенија се чувствителни на ова соединение, како што се домати, пиперки, компири, модар патлиџан, зелка, петунии, хризантеми, хортензии … Во присуство на југлон, тие можат да го забават развојот, да почнат да жолтат и да венеат.

  1. Кисело овошје

Агрумите, како лимоните, не треба да се додаваат на  компостот, бидејќи тие всушност можат да ги уништат добрите бактерии кои му помагаат на распаѓањето на компостот.

 

Слични написи

Back to top button
Close