Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Насер Џемаили – оставката на Миланов е поради притисокот од незадоволството на сточарите

Болеста беше дијагностицирана во јануари 2026, а веќе во јули се имаше проширено на половина територија од државата

БИТОЛА – Вакцините против овчата сипанци му „пресудија“ на првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, кој вчера си поднел оставка, објави https://nezavisen.mk/vakcinite-protiv-ovchite-sipanici-mu-presudija-na-direkorot-na-ahv/

 

 

На негово место е назначен Јовица Андовски, досегашен заменик-министер за здравство.

Веста за Миланов ја потврди Социјалистичката партија на Македонија која на Фејсбук објави: „Неговиот вложен труд и несебичен ангажман, високо оценети во СПМ и во јавноста, претставуваат негов личен залог за идно извршување на одговорни и високи должности во ресорот на извршно ниво“.

 

 

Миланов ја презеде функцијата во летото 2024 година. Тој се повлекува од челната позиција на АХВ во услови кога сточарството во Македонија ги живее најтешките денови, кога над 10.000 овци угинаа од овча сипаница.

Засега Миланов нема објавено зошто одлучил да поднесе оставка. Вчера на Фејсбук во политички жаргон објавил за вакцините без да спомене за оставката. „Ветено – исполнето! Денес пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите на аеродромот во Скопје од Турција! Како што ветив, ги обезбедивме потребните вакцини и започнуваме со спроведување на итната вакцинација на целата територија на државата, согласно Планот за итна вакцинација одобрен од Европската унија. Здравјето на животните и заштитата на сточниот фонд остануваат наш врвен приоритет“, напиша Миланов

Насер Џемаили претседател на „Сојузот модерен сточар“, неколку дена пред оставката на Миланов најави протести поради задоцнетите вакцини за овците кои се соочуваат со заразната болест и побара оставка од директорот на АХВ, затоа што „по трет пат ги излажа сточарите“.

Џемаили денес за „Независен“ изјави дека оставката на Миланов е поради притисокот од незадоволството на сточарите.

„Ние од порано видовме дека директорот заглави, не може да функционира, не може да се организира. Доцнеше со вакцините и затоа настана цел овој хаос со болестите, ние видовме дека е потребно да си даде оставка. Го цениме тоа што нашиот глас стигна до Владата. Очекуваме новиот директор да биде поорганизиран, инаку пак ќе протестираме“, изјави Џемаили.

Џемаили вели дека сточарите се соочуваат со сериозни проблеми.

„Додека вакцините доцнат, овчарите ги затекнува зимата и снегот на планините, што дополнително го отежнува навременото спроведување на вакцинацијата и ја зголемува загриженоста за здравјето на стадата. Потребна е итна реакција, пред последиците да станат уште посериозни“, повика Џемаили.

Зоран Атанасов, поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, на својот Фејсбук профил пред четири дена објави анализа за состојбите со овчата сипаница кај овците и козите и наведе дека економската штета кај сточарите е над 1,4 милиони евра.

„Додека некој сака црното да го прикаже бело, да спомнеме неколку факти за состојбата со болеста сипаници кај овците и козите во Македонија. Пазарната вредност на една овца/коза е помеѓу 150 до 300 евра или 9.000-18.000 денари. До 28 август 2026 г. потврдена е болеста кај  9.618 грла… Досега економската штета само во губиток на животните без изгубена добивка од 3.000 денари субвенција по грло, производство на млеко/сирење и јагне е околу 1.403.000 евра или 86.562.000 денари ако сите овци и кози се проценети на вредност од 9.000 денари“, проценува Атанасов, поранешен директор на АХВ од редовите на СДСМ.

Поврзани новости

Back to top button