Агро бизнисБез категоријаВести
2024 година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта
Николовски даваме поддршка на земјоделците и во набавка на комбајни за жито и набавка на трактори, ставаме 10 милиони евра, за инвестиции преку мерката бизнис план и мерката за поддршка во набавка на приплоден добиток.
За нас зборот е збор и се што сме дале како ветување пред земјоделците, сме го исполниле.
Од оваа 2024 година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка која ја креиравме во 2019 година и по која сме препознаени во регионот и мерка која е од директна помош за секој земјоделец.
Преку програмата за рурален развој оваа година даваме поддршка на земјоделците и во набавка на комбајни за жито и набавка на трактори, ставаме 10 милиони евра, за инвестиции преку мерката бизнис план и мерката за поддршка во набавка на приплоден добиток. Токму од овде, од Свети Николе започна идејата за мерката бизнис план.
Секоја педа обработлива земјоделска површина ја ставаме на располагање, до земјоделците, за производство на храна. Земјоделците од Свети Николе, тоа можат најдобро да го потврдат.
Сите овие години, направивме многу во земјоделството, а заедно можеме уште повеќе.