вести

Годинава тутунот е со висок квалитет, а цената задоволителна

godinava tutunot so visok kvalitet a cenata zadovolitelna

Тутун годинава откупуваат „Алијанса” од Кавадарци, „Сокотаб” од Битола и „Кавекс Балкан”, а има најави и за други компании кои веќе ги обезбедуваат средствата за откуп и деновиве ќе почнат со преземање. Законски, стартот на откупот е до 15 декември. Реколтата е квалитетна, а од Инспекторатотсе надеваат дека односот меѓу откупувачите и тутунарите ќе биде во најдобар ред

Откупот на тутунот почна добро, проблеми не се очекуваат, а извесно е дека производителите ќе постигнат повисока цена од ланската зашто родот е квалитетен.

Тутунот има висок квалитет и годинава согласно проценката и верифицираните мостри, цената е задоволителна. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот пазарен инспекторат ќе бидат присутни на откупните пунктовите, а годинава се очекува 10-те откупни претпријатија да преземат околу 20.000 тони тутун по цени повисоки од минатогодишните.

Тутун годинава откупуваат „Алијанса” од Кавадарци, „Сокотаб” од Битола и „Кавекс Балкан”, а има најави и за други компании кои веќе ги обезбедуваат средствата за откуп и деновиве ќе почнат со преземање. Законски, стартот на откупот е до 15 декември. Реколтата е квалитетна, а од Инспекторатотсе надеваат дека односот меѓу откупувачите и тутунарите ќе биде во најдобар ред,

Прилепскиот тутунски комбинат комбинат веќе презема 70 тони тутун од договорените 3.000 од вкупно 4.000 кооперанти.

Како што информира генералниот директор Александар Дерменџиев, откупот почна во најдобар ред, а исплатата ќе биде за седум дена. Просечната цена е повеќе од 190 денари.

– Откупот се одвива во најдобар ред. Прво почнавме на пунктот во градот, а сега се отворени и сите останати во регионот. Има голема побарувачка и, за да бидеме конкурентни, иако имаме простор во рок од 30 дена, исплатата ќе ја реализираме за седум дена од преземањето на родот, изјави Дерменџиев.

Според него, по воспоставената соработка со Филип Морис, состојбата во компанијата се стабилизира. Се зголемува обемот на производството, а со завршната сметка во 2015 година првпат се покажа добивка.

– Позитивни беа билансите во јуни и во септември. Моментно имаме околу 420 вработени. Комбинатот е пред реорганизација и ќе се укинуваат досегашните ДОЕЛ-и “Тутун” и “Цигари”, а ќе остане компанијата само како Акционерско друштво Тутунски комбинат рече Дерменџиев.

Официјалната реорганизација, најави, ќе биде по 28 ноември, за кога е закажано акционерското собрание.

Откупот на тутунот без проблеми се одвива и во велешко. Таму се очекува да се откупат вкупно 1.327 тони квалитетен тутун главно од сортата „прилеп” и во помал дел од сортите “јака” и “пасман”, а количините нас шест пункта во селата Иванковци, Бузалково, Горно Оризари, Чашка, Градско и Лозово ги преземаат “Соко Таб”, “Алијанса” од Кавадарци и „Центро Табак”.

– Тутунот годинава е со добар квалитет. Склучени се договори со 1.387 земјоделци за производство на 684 хектари, информира Вили Бочваров од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Лани биле склучени помалку договори, односно 1.035. На поголема површина од 720 хектари, биле произведени 1.309 тони на тутун.

Производителите се задоволни од почетокот на откупот и, како што рекоа, очекуваат повисоки цени.

– Задоволни сме со почетокот на откупот на тутунот и, бидејќи родот е квалитетен, очекуваме да се постигне повисока просечна откупна цена од ланската од 182 денара за килограм. Ги потсетувам тутунарите во меѓувреме да си го подмират долгот кон водостопанство за навреме да добиваат субвенции, а на откупувачите им укажуваме дека будно ќе ја следиме проценката на родот на вагите, истакна претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески.

Според Инспекторатот, годинава тутун ќе откупуваат 10 фирми од вкупно 28.853 производители.

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close