Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

45 педигрирани грла добиток доби фармата на Горан Стојков од Овчеполијата

Бачовски објави дека за оваа инвестиција АФПЗРР исплати 4.5 милиони денари како државна стимулација за секој кој инвестира во зголемување на сточниот фонд со нов генетски потенцијал. 

Во склоп на теренските активности низ Овче Поле ја посетивме фармата на Горан Стојков, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски .
Горан е успешен корисник на мерката за набавка на приплоден добиток од програмата за рурален развој.
По добиенот договор од АФПЗРР со ко-финансирање од 75% на вкупната вредност на инвестицијата, Горан набавува 45 педигрирани грла добиток кои се увезени од Чешка.
За оваа инвестиција АФПЗРР исплати 4.5 милиони денари како државна стимулација за секој кој инвестира во зголемување на сточниот фонд со нов генетски потенцијал.
Нашите заложби за финансиска поддршка во сточарството се пресликани преку вакви мерки за поддршка како и преку субвенциите за обележани грла говеда.
Токму денес на сметките на 8016 одгледувачи на говеда се исплатени 288 милиони денари како директни плаќања предвидени во програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Поврзани новости

Back to top button