fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мерката за замрзнување на цената на оризот е за да се заштити стандардот на граѓаните, вели Арсовски

Арсовски вели дека Владата последните години покажа дека се грижи за оризопроизводителите и за поттик на производството.

Мерката за замрзнување на цената на оризот е со ограничен рок до 31 јануари 2022 година со цел заштита на стандардот на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

-Мерката за замрзнување на цените на неколку основни прехранбени производи меѓу кои и оризот е донесена за да се заштити стандардот на граѓаните со тоа што ќе се превенира нагло зголемување на цените. Оваа мерка е со ограничен рок до 31 јануари 2022 година. Инаку, Владата последните години покажа дека се грижи за оризопроизводителите и за поттик на производството. Субвенциите по обработлива површина со задолжително користење на семенски материјал од 12 илјади денари е зголемен двојно на 24 илјади, а за оние производители без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал субвенциите се зголемени од 6 илјади на 18 илјади денари. Доставени се и картички за зелена нафта со цел да се помогне во намалувањето на производствените трошоци за земјоделска механизација, посочи Арсовски на новинарско прашање дали се планира обесштетување на оризопроизводителите.  

Дополнително, рече тој, Владата ги исплати и субвенциите за полјоделски култури од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството во вредност од околу 640,5 милијарди денари, пари во кои влегуваат и субвенциите за оризопроизводителите кои се исплатени на сметките на над две илјади субјекти.  

https://nezavisen.mk/merkata-za-zamrznuvanje-na-cenata-na-orizot-e-za-da-se-zashtiti-na-standardot-na-gragjanite-veli-arsovski/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close