fbpx
Вести

Поднесени 11.000 барања за проценка на штетите од измрзнувањето

steti izmrzuvanje

Скоро 11.000 земјоделци поднесоа барања за проценка на штетите од измрзнувањето. Најголем број на пријави има во Кавадарци, Неготино и во Ресен. Комисиите работат на терен по што ќе се знае и колкави површини настрадаа од априлското невреме и ниските температури.

На 10-ти мај заврши поднесувањето на барањата за проценка на штетите настанати од доцните пролетни мразеви на 21-ви и 22-ри април. Вкупно се пријавени 11.000 земјоделци кои доставиле барања до подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Најмногу  има во Кавадарци и тоа 3.000, 2.700 во Неготино, 2.100 Ресен, а во Берово, Делчево и во Радовиш штети пријавиле повеќе од 1.000 земјоделски стопанство. Во другите општини бројот на поднесени барања е помал.

За проценката на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување на културите.

Обештетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството по проценката од страна на комисиите и по проверката од старна на бирото за судски вештачења.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close