Привршува пријавувањето за субвенции
Привршува пријавивањето на субвенции со помош на подрачните единици. По 31-ви август до крајниот рок до 15-ти септември земјоделците ќе мораат сами од дома електронски да аплицираат преку интернет страницата на Платежната агенција.
До 31-ви август земјоделците можат да побараат техничка помош од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, за да го запазат рокот за аплицирање до 15-ти септември.
Од 1-ви септември барањето ќе се поднесува по електронски пат без доставување на документи, а врз основа на претходно евидентираните податоци во регистарот на земјоделски стопанства и регистерот за идентификација и регистрација на домашни животни.
Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Постапката за поднесување барања за директни плаќања е иста како и претходната година.
Во моментов тече рокот за аплицирање за субвенции за растителното производство и тоа: за полјоделски и градинарски култури, за одржување на овошни и лозови насади како и за производство на сертифициран семенски и саден материјал.
За сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на говеда, овци, кози, свињи, пчели и живина.