Вести
Невообичаено топлото време добредојдено за есенските култури
Невообичаено високите температури за овој период од годината, не само што нема да се одразат негативно врз есенските посеви, туку се и добредојдени за нивен развој, велат агрометеоролозите.
Според Ангелко Ангелески од УХМР, раните есенски култури издржуваат и пониски температури во зимски услови. Никаков проблем немаат ниту овошките и виновата лоза, а има и доволно влага во почвата.
– Поради фактот дека немаше екстремно ниски температури, ваквото време овозможува развој на есенските посеви кои се уште се во рана фаза на развој. Овошките и виновата лоза исто така немаат никаков проблем. Напротив, ваквото време овозможува нормална работа на отворено, во поле. Во централна Македонија праската веќе се крои на големо, изјави Ангелески.