fbpx
Вести

Прва официјална цена на родот на пченицата за 2018 на берзата на производи во Нови Сад

Првата регистрирана трговија и првата официјална цена на родот на пченицата за 2018 година, забележани се на почетокот на минатата недела, на Берзата на производи во Нови Сад.

Иако лошите временски услови ги попречуваат жетвените работи, новата жетва придонесла за раст на прометот на берзата. Вкупно, преку Новосадската Берза на производи, беа продадени 3.275 тони роба (+227,50%) со финансиска вредност од 59.793.250,00 динари. На почетокот на минатата недела, забележано е првото регистрирано тргување и првата официјална цена на родот на пченицата за 2018 година.

Пченица ќе има доволно, но ќе има проблем со квалитетот

Се до жетвата, временските услови беа идеални за раст и развој на пченицата. Но, долгиот период на секојдневни врнежи, за време на жетвата, негативно влијае на квалитетот на лебното зрно. Пченица ќе има доволно, но недостатокот на високо квалитетна пченица, ќе биде сигурно присутен во следната една година. Родот на пченицата за 2018 година е тргуван по цена од 16, 50 динари без ДДВ (18,5 дин/кг со ДДВ) за количина од 2 000 тони.

„Во Чикаго, според податокот од минатата недела, пченицата поевтинила за 3,19%, а пченката за 3,37%, додека сојата за 2,18%, а сточната храна за 0,12 %. Во Будимпешта пченката поевтинила за 0,58%. Во Париз, цената на пченицата се намалила за 1,28%, а пченката за 0,30%“, покажуваат податоците.

Слаба побарувачка на пченката, тргувано со сточен јачмен

Побарувачката на пченката, оваа недела била нешто послаба. Се тргувало по цена од 17 динари (18,70 дин/кг со ДДВ). Во споредба со минатата недела, цената е повисока за 0,32 %. Сточниот јачмен со hl тежина од 62 кг се продавал по цена од 15, 70 динари (17, 27 со ДДВ).

Преглед на понудени и финални количини, како и растојание помеѓу понудените и договорените цени на земјоделските производи во анализираниот период:

Роба Понудена количина Цена на понудата

Дин/кг со ДДВ

Договорена количина (t) Последна цена дин/кг со ДДВ Промена во однос на минатата недела
Вештачки сушена пченка род 2017 1500 18,70 1000 18,70 +0,32%
Природно сушена пчена, род 2017, одложено плаќање 1 ден 25 19,03 25 19,03
Вештачки сушена пченка, род 2017, слободен период до 31.07 1000 19,03
Пченица, род 2018, минимум 12% протеини 2050 18,15 2000 18,15
Пченица, род 2018, Hl тежина 73 кг 350 17,60 – 18,15 150 17,60
Пченица, род 2018, минимум 11,5% протеини, испорака во јули, плаќање 48 часа по утовар 2000 18,70
Сточен јачмен, род 2018, hl тежина 62 кг 250 17,27 250 17,27
Соина сачма 44% 200 52,80

 

Берзанскиот индекс на PRODEX на 28.06.2018 бил на ниво од 205,06 индексни поени, што претставува пад за 2,10% процентни поени во однос на минатата недела.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close