fbpx
ВестиТоп вести

Хоризонти со микро агро заеми за земјоделците

Набавка на механизација и опрема, зголемување на сточен фонд, набавка на суровини и репроматеријали и други тековни  расходи за примарно производство, ова може да се постигне со микро  агро заемите што ги овозможува   фондацијата Хоризонти. Во насока на реализирање на своите програмски активности, претставници од  фондацијата Хоризонти одржаа работна средба со вработени од Синпекс  ДОО  Битола. На средбата се разговараше околу  можностите што може да им се понудат на земјоделците.

„Земјоделците „Хоризонти“  треба да ги одберат заради лесниот начин на работа, брзиот пристап на кредити како и минималната документација  која ја добиваат при аплицирањето. Преку микро агро заемите земјоделците може да искористат средства во висина од  60 000 до 600 000 ден. Средствата се строго наменски и може да искористат  за обртни средтсва и за инвестирање во земјоделието. Секоја потреба што се јавува  во земјоделието може да ја задоволат преку нашите средства“ изјави  после состанокот Весна Атанасовска раководител на битолската експозитура на Хоризонти.

Прилагодени отплатни рати согласно земјоделските приходи, асистенција од персоналот при пополнување на документацијата и нотарските заверки, изнаоѓање најприфатливо обезбедување на заемите, овозможуваат Хоризонти.

Во своето 14 годишно постоење  фондацијата Хоризонти им има овозможено финансиска поддршка  на над 10 000 корисници. Целта   е унапредување на економските активности на клиентите  и подобрување на животниот стандард.

Работењето  на Хоризонти е фнансирано  од повеќе домашни и странски донатори, кредитори, поддржувачи на мисијата на Хоризонти и целните групи за кои се наменети  услугите.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close