Ѝ се заканува глад на Европа во 2020 година
Производството на здрава храна во светот и се помалото користење на пестициди за производство на пченица ќе придонесат за масовна појава на болести и штетници 2020 година- стои во последното истражување на англиското издание на farminguk.com. Британските експерти велат дека следната 2019 година ќе биде последна добра година за производство на пченица, по што нејзиното производство следната година ќе се десеткува. Според нашите експерти во земјава последните неколку години се става ред во користењето на препарати за заштита на растенијата од болести и штетници.
Производството на „здрава храна“ и некористењето на средства за заштита од болести и штетници ќе придонесе на пролет во 2020 година да се јават вируси и вошки кои ќе уништат половина од производството на пченица- покажало последното истражување на британските земјоделски инжинери. Според нив ќе се зарази најголем дел од европските ниви од која последица ќе биде намалување на производството на пченица и недостиг на лебно жито.
– Европа ќе ја зафатат масовни зарази од вируси. За неполни две години според британските агрономи во периодот февруари-март 2020 година земјоделците ќе бидат сведоци на инфицирани со вирус површини и на пожолтени полјани со пченица. Тоа ќе значи дека 2020 година луѓето ќе мора да купуваат храна со далеку повисоки цени- стои во истражувањето.
Ваквата тешка прогноза е направена од повеќе од 100 делегати од англискота Влада, научниот, индустрискиот и земјоделскиот сектор. Според нив, причина за ова е претстојната забрана за користење на инсектициди во ЕУ. Токму ова според нив ќе доведе до ширење на вирус кој ќе влијае на многу обработливо земјиште.
Истражувањата покажуваат дека приносите од пченица во Велика Британија ќе паднат на 4,5 милиони парчиња леб дневно. Слични статистички податоци ќе бидат достапни и за други земји каде што приносите ќе опаѓаат.
-Ако следната есен повторно има инвазија на лисни вошки, а потоа имаме мека зима, тогаш изгледите за жетвата на пченицата во текот на 2020 година може да биде многу мрачни”, коментира ентомологот д-р Џиа Арадотир.
Д-р Ким Хамонд-Косак пак вели дека 2019 година може да е последната добра година за одгледувањето на пченица.
Забраната за енормно користење на пестициди доаѓа поради нивната опасност. Токсичните хемикалии кои ги има во храната, водата и воздухот се причина за милиони смртни случаи низ светот. Токсините доаѓаат од пестицидите, од загадувањето на храната со несоодветна амбалажа, од користење на несоодветна вода во текот на производството. Труење, спонтани абортуси, карциноми се само дел од последиците кои се појавуваат кај луѓето. Ова го покажуваат податоците на новото истражување од Меѓународна организација на специјалисти за храна.
Според истражувањето, најголема опасност за луѓето доаѓа од пестицидите и нивното неконтролирано користење. Според нашите експерти, во земјава последните неколку години се става ред во користењето на препарати за заштита на растенијата од болести и штетници. Скоро да се искоренети живините препарати кои имаат жива во својот состав и предизвикуваат карциноми. Се користат исклучиво лекови кои се на зелената листа на ЕУ, а земјоделците се задолжени да водат календар за прскање.
Професорот на Факултетот за змејоделство и храна, Иле Цанев за 24 Инфо вели дека за успешен работен процес не е битен само препаратот, односно хемиската супстанца. Доколку се набави и најквалитетниот препарат, а не се направи правилна регулација на машините за заштита можно е целосно промашување.
– Неквалитетната и неправилната апликација може да предизвика остатоци на резидуи. На пазарот денес се сретнуваат различни препарати за различна намена. Фармерите освен хемиската заштита на растенијата треба да се ориентираат и кон методите на интегрална заштита на растенијата, механичка борба со цел сузбивање на појавата на болести и штетници, од една страна но и зачувување на квалитетот на земјоделските производи за свежа консумација од друга страна- вели Цанев.