![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/241750400_1541452396203600_3739580768957124549_n_794x600-1-780x470-1.jpg)
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести
Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни
Податоците на УХМР покажуваат дека водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за јуни.
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни денеска се бележи на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Брегалница кај Штип, како и на Црна Река кај Новаци.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечно е нивото само на реката Брегалница кај Берово.Податоците на УХМР покажуваат дека водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за јуни.