fbpx
ВестиТоп вести

Трудот на жената не е ниту признат, ниту платен

 

Демир Хисар

 

Трудот на жената не е ниту признат,ниту платен

 

Од Слепче младите си заминуваат барајќи поубав живот, а оние што одамна го напуштиле селото, сега се враќаат на старите огништа.

„Од девет години работам тутун. Сега имам 77 години и неможам повеќе, го „парнисав“, вака својата животна приказна накусо за „Зеленаберза“ ја раскажува Ристана Јошковска од селото Слепче, ДемирХисар, која и како девојче обработувала тутун во родното Журче.

-Кога се омажив продолжив да работам тутун.Се работеше рачно, а тутунот е многу тежок. Сега живеам од пензијата на мажот ми. Немам своја, иако работев тутун 68 години. Сега веќе не можам, сѐ ме боли, се пожали таа.

Ристана вели дека не е единствена жена во селото што живее од пензијата на сопругот. Гиимало 7-8  жени на кои им починале сопрузите ,па ја наследиле пензијата.  Дали навиката или традицијата е во прашање, но и покрај нарушеното здравје, сè уште по малку се занимаваат со бавчите, со дворовите,  садат малку пипер, доматче, гравче, за свои потреби. Одвреме навреме одат на прошетки со пензионерите.

Слично како и на други места и овде жените покрај извршувањето на работите низ домот, обработуваат и тутун, а ако можат работат и во други места. Производството на тутун им помага да заработат пари и да си го олеснат животот.

Олгица Петревска е 45 годишна жена која од Бучин се омажила во Слепче. Тутун работела од мала и вели дека навикнала дастанува рано, пред зори.

-Работев во Конзервната, па во Монополот, а и во слаткарница. Арно ама откажав оти се поболив. Ме фати ишијасот и еве 6 години како не работам. Немам пензиско и здравствено осигурување, на старост незнам  што ќе се прави. Дури работев имав осигурување. И сега обработуваме тутун како семејство, но најмногу се вложуваат мажот ми и двете деца, раскажува Олгица.

И покрајмаката вели декаво Слепче убаво се живее, особено  жените и дека не се поттурнати,  но сепак треба нешто да се направи за да се подобри животот, не само за нив туку и за децата за да немора да бараат работа некаде надвор од родното место. Ја најдовме како на шпоретот зоврива солило за правење расол. Вели дека тука летно време готви, а и ја подготвува зимницата.

Ни кажа дека во селото има околу 250-до 260домаќинства, но од последниот попис бројот на населението е преполовен. Младите сиз аминуваат, па во куќите остануваат само повозрасните.

-Двете мои деца имаат завршено шумарско училиште, ама не работат по струката.  Едниот е во фабриката за балетанки, а другиот чека абер да замини во Хрватска. Ништо не е сигурно, политиката ги подели луѓето, многу е тешко, не стасуваат парите, се пожали Олгица.

Понекогаш се собират со сосетките на кафе-муабет, но како што вели единствено излегување од дома и е кога оди во ДемирХисар да се пријави во Агенцијата за вработување.

 

Слепче е градско село со чист воздух и здрава храна

„Нашето село е градско село.Како што се живее во градот и тука течи животот, се живее добро. Нема многу разлика меѓу градот и селото, вели наша соговорничка, пензионерка од семејството Пилачевски.

-Работев во конфекција и сега с иземам пензија, ништо друго неработам. Си се дружам сопензионерките, одиме заедно на организирани патувања, вели Пилачевска.

Според неа животот е многу сменет во селото и поблизок е до овој начин на живот како што е во градот.

-Добар дел од жените се вработени во фирми и не работат многу по нивите. Имаат тутун,  ама сė се работи машински, а не како порано кога се работеше рачно,  додава таа. Вели дека е задоволна и има за еден нормален живот, средно, ниту богат, ниту сиромашен.

Има нешто интересно во Слепче. Додека младите си заминуваат барајќи поубав живот оние што одамна го напуштиле селото, сега се враќаат на старите места.

Виолета Младеновска е родум од Слепче која по 40 години живот во Скопје, се враќа назад во селото.

-Овде е подобро од градот, барем сме начис твоздух и јадиме здрава храна. Можеби немаме за одмор во Шпанија, ама ете заживот имаме. Овде животот на жената  е најубав. Жените овде не работат, не се малтретирани. Неработат како во полето по 30 декари тутун и други работи. Овде сите уживаат, седат дома, само заручекот се грижат, можеби малку бавчичка, колку за храна за дома, и толку. Овде мажите повеќе работат. Има жени што работат на државно, но на поле не. Имаме меѓу себни дружби, визити, кафе муабети, велиВиолета.

Не забораваат ниту на традицијата. Заселската и домашните слави месат зелници, питулици и други традиционални јадења.

-Нема предрасуди или дискриминација.  Жените се почитувани, живеат од пензиите на своите сопрузи, а и се пописмени од мажите, вели Виолета, додавајќи дека во селото има повеќе вдовици отколку вдовци.

Жителите кои ги сретнавме при нашата посета на Слепче, беа многу срдечни и скромни луѓе. Забележавме кај нив една смиреност и  ведрина.  Можеби тоа е нивната животна  филозофија која им помага да ги надминат тешкотиите и да го живеа тживотот онака како што сакаат и умеат. Многу жени работат во фабриката за балетанки, а ги има и оние што работат во околните фабрики. За волја на вистината ги има и оние похрабрите кои одлучиле да почнат свој бизнис како фризерки и цвеќарки во Демир Хисар, да заработат повеќе за подостоинствен живот.

 

Содржините на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија

 

ПавлинаЈовановска

Слични написи

Back to top button
Close