fbpx
ВестиТоп вести

Димковски-Субвенциите за оставено женско јаре остануваат 1700 денари

Министерот за земјоделство Трајан Димковски на прашање на „Зелена берза“ дали и козарите може да влезат во програмата за дополнителни субвенции за оставено женско јаре во износ од 800 денари, колку што добија овчарите за оставено женско јагне, рече дека оваа мерка нема да биде проширена на одгледувачите на кози. За оставено женско јаре следуваат субвенции од 1700 денари по глава.

 

-Овчарството е единствено извозно ориентирана гранка на сточарството, додека козите исклучиво се продаваат на домашниот пазар. Имаме затворање на пазарите, но движењето на стока и продавањето се одвива нормално. И ако сакаме да ги споредиме токму овие две подсекторски групи тешко дека ќе најдеме заедничко. Јас би ги поканил да дојдат нивните претставници или одгледувачите на кози, да разговараме околу детали, но само една анализа ќе направам, во овчарството приходите од јагне се некаде околу 40 проценти, додека 60 проценти доаѓаат од производство на млеко, додека во споредба со козарството имаме повеќе млеко, а 15 проценти доаѓаат од продажба на јаре. Оваа година за задржано женско јаре, козарите добиваат 1700 денари, рече Димковски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close