Од Зелените афоризми на Миле Ѓорѓијоски
Две лубеници под една мишка не одат. Не може и накупците, а и земјоделците да живеат од земјоделие.
Ние сме аграрна земја. Кој ќе стигне не обработува.
*
Господ го создал земјоделецот, а ѓаволот накупците.
*
Сметаат на земјоделците. Не ги сметаат за живи.
*
Некогаш пролетери, денес земјоделци од сите земји на светот обединете се.
*
Врв на дволичноста: велат дека ја сакаат земјата, а ги обработуваат земјоделците.
**
Ех пусто турско. Тогаш барем немало накупци.
**
Кога накупците се прчат, земјоделците одат по козји патеки.
**
Тантал бил земјоделец. Им ги оставил маките на земјоделците.
**
Јагнето што цица од две мајки, побрзо ќе заврши на ражен.
**
Нашите земјоделци не се расисти. Не им смета што работат како црнци.
**
Свињите не јадат помија од испрани мозоци. Значи, не се ГМО храна.
**
Му пресуди оптимизмот. Веруваше дека може да се живее од овоштарство.
**
Има нешто пострашно од тоа што потфрли родот на јаболката. Откупот ќе потфрли уште повеќе.
**
Тој употребува органско ѓубриво. Му скапа на нивата родот на вишните, сливите…