Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Фирма не платила акциза за увоз на тутун во висина од над милион и пол евра

Се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на фирмата од Крива Паланка

Царинската управа до кумановското Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против фирма со седиште во Крива Паланка, поради сомнение дека сторила кривично дело – избегнување на плаќање акциза.

Како што информираат од Царинската управа, станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа бил пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200 денари (1,6 милион евра).

Се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на фирмата од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/hronika/%D1%84%D0%B8%D1%80%D0%BC%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close