fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Ученици и земјоделци од Битола, Охрид и Македонски Брод се едуцираа за климатските промени

Низок степен на познавање на јавноста во Битола, Охрид и Македонски Брод за причините и последиците од климатските промени и недоволна афирмација и застапеност на климатските промени во наставните планови и вон наставните активности во основните училишта во овие градови, се дел од проблемите лоцирани за време на спроведувањето на проектот „Иднина за климата, одлучи и дејствувај“.

Проектот е реализиран во периодот од септември лани до октомври годинава и во него биле вклучени 50 проценти од учениците од основните училишта во Битола, Охрид и Македонски Брод и над 100 земјоделци од руралните места во овие општини. Проектот го спроведуваше движењето за околината „Молика“ од Битола во соработка со еколошкото друштво „Треска“ од Македонски Брод и еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид.

Резултатите од проектот покажуваат и дека земјоделските производители немаат соодветни познавања за причините и последиците од климатските промени, како и за нивното фактичко или можно влијание. Одржани се и шест обуки во кои директно бил вклучени повеќе од 100 земјоделци на кои тие добиле прецизни насоки за тоа што треба да преземат и како да делуваат во насока на превенција, заштита и адаптација на климатските промени. Очекувањата на организаторот на проектот се дека индиректно, преку размена на информации, со едукацијата би биле опфатени меѓу 1000 до 3000 земјоделци.

Со цел да ги пренесеме сознанијата од проектот на локалната самоуправа организиравме три средби со советници во општините во Битола, Охрид и Македонски Брод. Од средбите со советниците од ЕЛС во трите градови, произлегоа заклучоци и намера од советниците да иницираат и поддржат можности за обезбедување на локални финансиски средства наменети за активности кон намалување на негативните влијанија врз климата на локално ниво, велат организаторите.

Проектот е финансиски поддржан од ИПА програма за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 – „Да зборуваме за климатските промени“, Програма за мали грантови, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ.

 

Слични написи

Back to top button
Close