fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ ја објави нацрт верзијата на националната стратегија за земјоделство 2021-2027

МЗШВ ги повикува сите земјоделци, производители на храна, жители на руралните средини, правни и физички лица, да ги достават своите предлози, мислења и коментари за финализирање на стратегијата, но преку интернет, зашто ковид-паедмијата не дава можност за одржување јавна расправа

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) , на својата веб страница, ја објави нацрт верзијата на националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021-2027 година.

МЗШВ ги повикува сите земјоделци, производители на храна, жители на руралните средини, правни и физички лица, да ги достават своите предлози, мислења и коментари за финализирање на стратегијата, но преку интернет, зашто ковид-паедмијата не дава можност за одржување јавна расправа.

-Ова е главниот долгорочен стратешки документ на кој се базира поставувањето и спроведувањето на целите, политиките и мерките за развој на земјоделството и руралните средини во Република Северна Македонија. Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, националната стратегија се донесува заради долгорочно планирање на националната земјоделска политика во насока на остварувањето на законски дефинираните секторски развојни цели. Националната стратегија 2021-2027 го одразува континуитетот на државата за земјоделството поради неговото мултидимензионално значење и особено заради обезбедување одржливост на руралните средини. Потврда е позитивниот нагорен тренд на издвојувања во земјоделството и руралниот развој кој продолжува и во периодот по 2020 година и покрај негативното влијание од КОВИД-пандемијата, наведува МЗШВ

Додава и дека стратегијата е трет по ред документ од овој тип кој на организиран и системски пристап ги дефинира политиките кои ќе се спроведуваат во претстојниот седумгодишен период, нудејќи одговори во справувањето со тековните и идни предизвици во производството на храната и управувањето со природните ресурси поврзани со земјоделството, како и генерално за животот во руралните средини.

-Подготовката на стратегијата се базираше на широк институционален, аналитички и партиципативен процес. Со цел идентификување и проценка на приоритетните потреби за промени и подобрување на состојбата во секторот беше превземена сеопфатна аналитичка работа на ефектите и искуствата од спроведување на претходната национална стратегија, анализа на развојните трендови за период 2014-2020 година и моменталната состојба и SWOT анализа. Врз основа на наодите, беа дефинирани три стратешки и девет специфични цели. Подобрувањето на конкурентноста и одржливост на приходот на земјоделските стопанства, примената на еколошките практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите, како и обезбедување на одржлив развој на руралните средини се генералните цели кон кои ќе се стреми секторот потпомогнат од страна на државата, информира Министерството.

Во целиот процес  биле извршени и голем број консултации со учесниците во секторот, пред се организирани во постојаните подсекторски групи и други формални тела, со надлежни органи на државна управа, меѓународни институции и останати релевантни чинители. Во подготовката на стратегијата беше вклучена и релевантната македонска експертската јавност. При подготовката на националната стратегија, Министерството, како што посочува, се водеше и од последните регулативи на Европската комисија.

Спроведувањето на националната стратегија се реализира преку петгодишната Национална програма за земјоделството и рурален развој, ИПАРД Програмата и годишни програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои ќе се подготват во периодот на спроведување на документот.

По целосното заокружување и финализирање, стратегијата ќе треба да биде одобрена од страна на Владата.https://www.biznisvesti.mk/mzshv-ja-objavi-natsrt-verzijata-na-natsionalnata-strategija-za-zemjodelstvo-2021-2027/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close