fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Руралните жени и покрај сите препреки ќе најдат практично решение

Успешно се реализираат работилниците во рамките на иницијативата “И руралните жени можат” со жените од подпелистерските села.

Успешно се реализираат работилница во рамките на иницијативата “И руралните жени можат” со жените од подпелистерските села.

Третата работилница беше наменета за женското претприемништво. Предавач беше проф д-р Моника Марковска која низ вежби, практични примери, подготовка на бизнис план итн темата ја доближи до руралните жени, а гости беа и претставници од АВРСМ и Агенцијата за поттикнување на земјоделството кои ги презентираа мерките за практиканствокако и програмите за самовработување, како и мерката 115 – зподдршка за активен женски член на земјоделско домакинство.

-Пред жените иноватори и претприемачи најчесто стојат препреки како: традиционални погледи и стереотипи за жените во образованието и иновациите, избор на едукација за жените, помал кредибилитет на жените кои бараат финансиски средства, потешко вмрежување, помалку деловни обуки и претприемачки способности. Меѓутоа, жените и покрај сите препреки ќе најдат практично решение, но постојат и такви, кои имаат идеи, но поради несигурноста во себе никогаш нема да се обидат да ги реализираат- истакна проф. д-р Моника Марковска.

-Во одлична атмосфера се развија идеи и дискусии во групата и жените добија појасна слика за тоа какви сѐ можности имаат и дека потребна е само поголема заинтересираност и информираност. Јакнењето на капацитетот на руралната жена е важен чекор кон нивната поголема независност и подигнување на квалитетот на нивниот живот- истакна иницијаторката Невена Димовска.

Иницијативата е во рамки на „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close