fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Љубители на природата спасија штотуку родено срнче на Галичица

Набрзо срнчето било преземено од вработени во Националниот парк.

Неодамнешната прошетка на планината Галичица на охриѓаните Владо Маркоски и Сашо Тренески, вљубеници во природата и убавините на националниот парк, се претворила во необична спасувачка мисија на штотуку родено срнче. Сосема случајно тие наише на мало од срна, оставено само и со слаби знаци на живот. Решиле да останат во негова близина и да чекаат, во надеж дека ќе се појави неговата мајка, но откако тоа не се случило во наредниот час, ги известиле вработените во Јавната установа национален парк Галичица.

Набрзо срнчето било преземено од вработени во Националниот парк. Уследил преглед кај ветеринарот Тони Танкоски, а по вакцинацијата и соодветниот третман, срнчето е вратено во националниот парк каде сега за него се грижи ренџерот Ѓуро Јовчески, кој на Дарби му обезбеди и привремен дом.

https://www.ohridnews.com/darbi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close