fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Путин: „Фала ѝ на Европа за санкциите“, особено во земјоделството

Извозот на нашата храна веќе надмина 25 милијарди долари, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се заблагодари на Европа за санкциите што ѝ се воведени на Москва, особено во земјоделството, и го истакна позитивниот ефект за земјата од воведените контрамерки и супституцијата на увозот.

„Им благодарам на Европејците за санкциите во земјоделството и за санкциите воопшто, но ние воведовме контрамерки во врска со земјоделството, вложивме соодветни ресурси, патем речено, не само во земјоделството туку и во заменскиот увоз во оваа индустрија. И треба да се каже, ефектот е добар. Најпрвин се плашев, не го кријам тоа, но вкупниот ефект е мошне добар”, рече Путин денеска на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај” во Сочи, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател истакна и дека Русија го зголемува снабдувањето со храна на светскиот пазар.

„Извозот на нашата храна веќе надмина 25 милијарди долари. Ова веќе многупати го имам кажано и сакам уште еднаш да им се заблагодарам на нашите земјоделски производители. Тие, пред сѐ, направија добра работа”, нагласи Путин.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close