fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нов асфалт на патот за село Трново

Патот се реконструира на потегот од раскрсницата за Ниже Поле, до откупната станица за млеко во селото Трново

Во тек е реконструкција на патот кон село Трново, а дел од патот е веќе асфалтиран. Патот се реконструира на потегот од раскрсницата за Ниже Поле, до откупната станица за млеко во селото Трново, односно до делницата до каде што е изработен колекторскиот систем за собирање на отпадните води од домаќинствата и туристичките објекти во селото. Должината на оваа делница е 2009 метри, а вредноста е 12.545.000 денари.
Во потегот кај селата Трново-Магарево, веќе е изградена пречистителната станица во вредност од над 10.000.000 денари, изработен е колекторски систем во должина 2081 метaр чија вредност е над 17.620.000 денари, како и секундарна канализациона мрежа во вредност од околу 5.000.000 денари. Секундарната мрежа во следните фази ќе ги опфати останатите делови од селата Трново и Магарево.
Со реконструкцијата на дел од патот, се заокружува една етапа од вложувањето во овој дел од Потпелистерието, односно од заложбата на локалната самоуправа и градоначалничката Наташа Петровска, да се добие комплетно поинаква слика во однос на зголемувањето на квалитетот на животната средина. На тој начин во Потпелистерието се отвора потенцијал за уште поголем развој на туризмот.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close