„Тиквешки лозароовоштари” бараат отштета за над 1.300 земјоделци поради летната суша
Претседателот на здружението, Дане Јошев информираше дека по повикот од општините Кавадарци и Неготино за пријавување на последици од суша, се пријавиле 1.325 земјоделци.
Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари” бара отштета за над 1.300 земјоделци поради летната суша.
Претседателот на здружението, Дане Јошев информираше дека по повикот од општините Кавадарци и Неготино за пријавување на последици од суша, се пријавиле 1.325 земјоделци.
– Се работи за лозари и овоштари кои претрпеа штети од суша, а во тој момент имаше проблеми и со недостаток од доволно вода за полевање, кај оние насади кои се под систем за наводнување. Затоа очекуваме отштета од државата за претрпените штети и изгубениот приход од земјоделските имоти – нагласи Јошев.
Тој рече дека се надеваат дека ќе добијат пари најбрзо што е можно, бидејќи, како што додаде, новата производствена сезона е започната и земјоделците се на терен, па имаат потреба од финансиски средства, за организирање на производството.
МИА