fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Побарувачката на полиси за земјоделски поседи многу мала

Васе Мојсоска вели дека и покрај огромните штети кои ги прават климатските промени, земјоделците не се одлучуваат за ваквите полиси затоа што како што вели се „изгорени“ од осигурителните компании.

Според информациите до кои дојде МИА довербата во осигурителните полиси е најмала кај земјоделците, односно заинтересираноста за купување полиси за осигурување на земјоделски поседи во државава е на многу ниско ниво. Па така, од над 90.000 регистрирани земјоделски стопанства, помалку од 5 проценти од нив го осигуруваат своето производство.

Според Ѓорѓе Војновиќ, директор на осигурителната компанија Триглав, на малата заинтересираност за купување ваков вид полиси влијаат повеќе фактори.

-Перцепцијата дека осигурувањето е услуга, која што не можат да си ја дозволат, нерентабилното производство, стари насади, сѐ помалку работници во секторот, недостаток на доверба кон осигурувањето како начин на заштита, но и аграрните политики во државата и досегашни начини на справување со проблемите во овој сегмент, особено во прилики на елементарни непогоди и незгоди. Во овие ситуации земјоделците во голема мера се надеваат и потпираат на поддршка и помош од државата, што придонесува кон креирање сосема погрешна перцепција дека осигурувањето не им е потребно, вели Војновиќ за МИА .

Појаснува дека и покрај тоа што земјоделците се свесни за ранливоста на овој сектор, како и фактот што премијата за осигурување е субвенционирана 60 проценти од страна на државата, нивниот интерес за осигурување е се уште на ниско ниво. Се согласува дека недоволната информираност е исто така важен фактор.

Од друга страна, претседателката на Националната федерација на фармери Васе Мојсоска не се согласува дека недоволната информираност е една од причините. Таа вели дека и покрај огромните штети кои ги прават климатските промени, земјоделците не се одлучуваат за ваквите полиси затоа што како што вели се „изгорени“ од осигурителните компании.

-Имало ситуации во кои иако осигурани посеви зафатени од климатските промени, компаниите поради различни причини не им ги исплаќаат премиите, ова го велам, затоа што истото ми се случи и мене кога пред четири години, иако ми беа осигурани лозовите насади и беа погодени од град пред берба јас не добив ни денар од осигурителната компанија за штетите и после четири години се уште нема судска разврска. Токму поради овие причини земјоделците се плашат од осигурителните полиси, оценува Мојсовска. Пвеќе на линкот https://nezavisen.mk/osiguruvanjeto-od-zemjotresi-predizvik-za-osiguritelnite-kompanii-pobaruvachkata-na-polisi-za-zemjodelski-posedi-mnogu-mala/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close