fbpx
ВестиТоп вести

Нема проблеми со извозот на овошје и зеленчук во Русија

Нема застој во извозот на овошје и зеленчук од земјава за Русија. Сите шлепери кои биле на пат кон Русија ги поминале граничните и царинските формалности без проблеми а не се очекуваат никакви проблеми ниту за идните пратки кои ќе се испраќаат за рускиот пазар. Првичното предупредување дошло од компанија од Русија која соработува со компанија од Македонија која само предупредила дека доколку пратката заради различното име на државата во декларациите на производите и на сертификатот не помине на граница во тој случај трошоците ќе бидат на сметка на Македонската компанија. Сега како што се состојбите на декларациите стои ПЈРМ а на сертификатот кој е задолжителен пропратен документ стои Северна Македонија. Но до таков проблем воопшто не ни дошло.

-Ние како Македонско Руска стопанска комора на 14 Март испративме соопштение во кое што според информациите на нашите членки кои добиле предупредување дека е можно да се случи властите кои одговараат за делот на фито санитарна контрола, можеби ќе реагираат на сертификатите кои што ќе бидат со новото име на државата. Веднаш стапивме во контакт со тамошните институции и ни беше потврдено дека такво нешто нема и не постои од Руска страна рече Дејан Бешлиев директор на Македонско – Руската стопанска комора.

По првичните информации за можни проблеми со извозот комората ги известила своите членки викендов да не праќаат камиони за Русија додека да се провери и да се утврди дали ќе има проблеми со минувањето на границата. Но кога веќе се утврдило дека нема проблеми и дека веќе границата ја поминале три камиони со 60 тони овошје и зеленчук јавено им е на сите дека извозот може да тече непречено.

За ова прашање средба оствари и министерот за земјоделство Николовски со амбасадорот на руската федерација Сергеј Бездникин кој потврдил дека нема никакво застој во извозот ниту пак има друга било каква пречка за влез на македонски камиони во Русија.

Во однос на забраната за извоз на праски кај кои беше утврдена карантинската болест монилија фруктигена , дознаваме дека следната недела во земјава доаѓа комисија од Русија за да утврди кои мерки се преземаат за сузбивање на болеста која ја нема во Русија и од која рускиот пазар се штити преку увозот на праски да не се рашири и таму. Каков ќе биде исходот од инскецијата , дали ќе се кренат рампите за росоманксите праски ќе се знае по надзорот кој ќе го направат тамошните екипи.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close