Земјоделците предупредуваат дека без ѓубриво, кое е драстичнио поскапено ќе се намали производството
Постои опасност да не се произведе доволно количина потребна за наредната година.
Наглото покачување на цената на ѓубривата, може да биде причина земјоделците да не произведат доволно количини на пченица потребни за наредната година. Поради нискиот стандард како резултат на лошите откупни цени, земјоделците ќе бидат приморани да штедат на прихрана . Тоа би значело дека новата реколта на лебното зрно ќе биде со намален род и квалитет, стравуваат од Асоцијацијата на земјоделци. Цената на вештачките ѓубрив скокнаа до плафон, па сега една вреќа чини неверојатни 3000денари.
„Постои опасност да не се произведе доволно количина потребна за наредната година. Доколку не бидат доволно прихраните на есенските посеви нормално дека родот ќе биде намален.. Ако природата не сака тогаш може да дојдеме до количини кои ние ги посакуваме. Меѓутоа реално ќе имаме понизок принос, за разлика од останатите години„- изјави Петре Стојкоски од Асоцијацијата на земјоделци
Во моментот нема доволно препарати за прихрана. Земјоделците бараат врски да купат вреќа повеќе, иако веќе во земјоделските аптеки продажбата е ограничена. Ваквата ситуација пред свршен чин ги стави и оризопроизводителите кои поради изгор скапите цени на препаратите најавуваат драстично намалување на посевите..
„Производната цена ланската година ни беше 27дден, а оваа година со ѓубривата и нафтата ни е 40денари. Кажете ми вие како со оваа цена да направиме репродукција за наредната година и да преживееме„–вели Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризот.
„Порано сеев од 6 до 7хектари, ама сега во оваа ситуација не можам толку да посеам. Немам пари за да купам ѓубре и препарати„-изјави Спиро Манев, оризопроизводител од Облешево.https://alfa.mk/zemjodelczite-predupreduvaat-deka-bez-gubrivo-koe-e-drastichnio-poskapeno-ke-se-namali-proizvodstvoto/