fbpx
Вести

Припремање на силажа и исхрана на добитокот во зимскиот период- практична обука со сточари од прилепскиот и битолскиот регион

IMG_20161220_124632 pripremanje na silazha i ishrana na dobitokot vo zimskiot period praktichna obuka so stochari od prilepskiot i bitolskiot region

Во изминатиов период ФФРМ во соработка со АПРЗ одржа неколку посети и средби на терен, каде беа посетени фарми со крупен добиток. На тие средби вработените од АПРЗ и советници за сточарство на лице место ги запознаваа присутните фармери одгледувачи на крави со начинот на приготвување на храната на добитокот – силажа и начинот на исхрана на добитокот во зимскиот период. Беа посетени неколку села во битолскиот и прилепскиот регион, а сите овие трибини беа дел од активностите што ФФРМ ги реализира во рамките на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“., подржан од We Effect.

Советниците на АПРЗ како основни точки при приготвување на силажата ги наведоа следниве работи:

$        Вистинска фаза на жетва: кога при притискање не се исцедува течност од растението;

$       Димензиите на сило јамата да бидат сведени на просечната потрошувачка на силажа за една недела. Неделно 1 до 2 метри од силажата треба да бидат отстранети за да се избегне повторната ферментација;

$   Објектот за силирање треба да биде долг, не многу широк и висок. На пример за 20 до 30 крави треба да е 3 до 4 метра долг и околу 1,5 метар висок. Дренажа на силажникот.

 

Тагови

Слични написи

829 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close