fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дали годинава ожнеавме помалку пченица од лани

Атак на лебното зрно

Колкави ќе бидат годинешните приноси на пченица се уште е енигма, но упатените укажуваат дека со сигурност нема да бидат натпросечни поради временските услови, односно високите температури кои ја зафатија земјата и кои негативно влијаат на приностите.

Но, Македонија не е единствената која ќе се соочи со намалени приноси, напротив очекувањата се дека приносите кај пченицата ќе бидат намалени кај сите производители во светот поради сушите и високите температури кои беа присутни насекаде, пишува Фактор.

–  Оваа година се очекува потфрлување на приносите на пченица насекаде. Така ќе биде и во соседна Србија каде вообичаено имаше поголеми приноси отколку кај нас,што е резултат на сушата, а истото ќе се случи и низ европа. Генерално очекувањата на научната фела се дека и во иднина ќе има намалување на приносите поради растот на температурите. Од овие причини очекувам годинава и во нашата земја да има помали приноси отколку што првично се очекуваше, а таква тенденција ќе имаме и следната година – вели универзитетскиот профосор во пензија Илија Каров од Земјоделскиот факултет во Штип.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечните приноси на пченица во земајва се движат околу 3,5 тони по хектар, но тие од година во година се пазлични.

 

 

Каров за „Фактор“ потенцира дека има опасност производството на пченица да продолжи да се намалува бидејќи не се вреднува трудот на земјоделците. Тој потенцира дека откупната цена на голем дел од земјоделските производи, меѓу кои и на пченицата се ниски, а дополнително што годинава ако остане исто така ниска ќе предизвика поголеми проблеми поради зголемените трошоци за ѓубрива и хемикалии за обработка на земјата.

–  Мора да се најде начин да има домашно производство и притоа да бидат платени и вреднувани земјоделците за да продолжат да работат на нивите. Сега ако немаат испалата земјоделците не можат да се подготват за следната сејна сезона, која треба да започне во октомври – потенцира Каров.

Професорот посочува дека треба да се изјадат мерки со кои ќе бидат задоволни сите инволвирани страни во производството на пченица и други земјоделски производи како оризот, грозјето… Според него, ако пченицата или другите продукти не се откупуваат по реални цени, треба откупот да го прави државата која ќе го складира во државните резерви, а потоа од нив, да го откупуваат преработувачите по повисоки цени.

–  Сметам дека треба да се дава приоритет на домашното производство, наместо да се задоволуваат потребите од увоз и да се излеваат средства во странство. Треба да се стимулира домашно производство и кај пченицата и кај оризот и другите култури, бидејќи е најдобор да имаме домашно производство. Како да очекуваме да продолжат земјоделците да садат оти им се откупуваат производите по лански цени, а во меѓувреме трошоците им се зголемија дратично. Нив нема да им остане трошоци да покријат, а не па да купат нови семиња за следна сеидба –потенцира Каров.

Професорот истакнува дека приносите на пченица во нашата земја годинава ќе бидат помалку од очекувањата и вели дека е добро ако оствариме по 3,5 тони по хектар поради лошите временски услови. Според него приносите кај оризот се задоволителни и ќе бидат повисоки, а сито позитивен раст на приносите се очекува и кај пченката.

–  Од вкупните приноси што ќе ги добиме, очекувам дел од пченицата да заврши и како сточна храна бидејќи таа денес се откупува по повисоки цени, што занчи ќе остане помалку за производство на брашно – додава Каров.https://faktor.mk/dali-godinava-ozeavme-pomalku-pchenica-od-lani-pokraj-vojnata-i-sushata-atakuva-na-lebot

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close