fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дали се сеќавате на времето кога земјоделците садеа шеќерна репка

Да се потсетиме на минатото кога активно работеше Фабриката за преработка на шеќерна репка,,Шеќераната,,4-ти НОЕМВРИ" при ЗИК ,, ПЕЛАГОНИЈА" од Битола.

ДАЛИ СЕ СЕЌАВАТЕ НА ВРЕМИЊАТА КОГА СЕ САДАШЕ ШЕЌЕРНА РЕПКА?
Да се потсетиме на минатото кога активно работеше Фабриката за преработка на шеќерна репка,,Шеќераната,,4-ти НОЕМВРИ” при ЗИК ,, ПЕЛАГОНИЈА” од Битола. Фабриката беше единствена во нашата Македонија. Секоја година од 1 до 5 ти септември се започнуваше со кампањата на преработката за шеќерната репка, беа вклучени над 4.000 производители од целата наша држава. Во оваа кампања беше вклучен и целиот наш Комбинат со сите ООЗТ тина. Во Фабриката беа вклучени над 250 сезонци и сите вработени во фабриката. Тие години дигестијата блажината на шеќерот беше 2:1 од шеќерната трска. Истовремено се произведуваше меласа која се користеше за преработка на квасец за фабриката за Квасец и шпиритус која се наоѓа во близина до фабриката. Резанец воден и сув кој се користеше за исхрана на сточарството во ЗИК Пелагонија. А со тоа млечноста на кравите беше зголемена за 40 посто. И многу други податоци кои беа убави докази за оваа фабрика. Фабрика која со законот за Акционерство дојде до пропаѓањето, како и сите други фабрики во нашата Македонија.
Позајмено од Битила низ времињата.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close