ПРОКРЕДИТ ПРОГЛАСИ И НАГРАДИ НАЈИНОВАТИВНИ АГРО БИЗНИСИ
ПроКредит Банка и оваа година ги прогласи и награди најиновативните практики спроведени од македонските бизниси. Наградите свечено беа доделени на Агро Бизнис Форумот на кој присуствуваа над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија- земјоделски производители, претпријатија од прехранбено преработувачката дејност, откупни центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделието.
Настанот ги обедини сите клучни институции и организации во агро бизнис секторот. Присуствуваа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, клучните лица на мисијата на УСАИД за развој на агро бизнисот, претсавник на една од најголемите земјоделски кооперативи од Србија и бројни успешни македонски компании од агро бизнисот.
Компанијата ЕКО ГРУП ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на органско овошје и зеленчук, развој на органски бренд на готов производ и грижа кон животната средина преку своите бизнис практики.
Компанијата БАЏО П-Т ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника и успешен пласман на странски пазари. Оваа технологија е единствена во Македонија и на Балканот.
Компанијата Бониер ДООЕЛ беше наградена за корисење на иновативна техника за ефикасно сеење, ѓубрење и прскање на земјоделски поседи со авиони кои го прави на сопствените површини со житни култури и лозови насади, а истото како услуга го нуди и на здружени индивидуални земјоделци. Ова е значаен придонес кон здружување и окрупнување на земјоделието во Македонија.
Компанијата КОРО КОМПАНИ ДООЕЛ беше наградена како модерен бизнис кој што покажал развој на препознатлив македонски производ-чаеви, зачинии оцети, развој на бренд и извозни стратегии на повеќе од дванаесет странски пазари.
На наградените претприемачи ПроКредит им овозможува деловно патување во странство за посета на модерен агро бизнис од нивната бранша каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка.
Ораганизаторите-ПроКредит Банка веруваат дека на ваков начин даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.