fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Теглите за зачини се места во кујната со најмногу бактерии

Проверете зошто

Едно неодамнешно истражување покажа дека теглите во кои чуваме зачини се меѓу местата во кујната кои имаат најмногу патогени. Имено, американскиот Оддел за безбедност и инспекција на храна при Министерството за земјоделство нарача студија за утврдување на распространетоста и степенот на вкрстена контаминација на различни површини во кујната при подготовка на оброците.

Се проценува дека еден од пет случаи на болести предизвикани од храна се добива дома. Сепак, не е точно познато како патогените (микроорганизми како бактерии и вируси кои предизвикуваат болести) се пренесуваат во кујната за време на подготовката на оброците, пишува ГМА.

Научниците им наложиле на 371 испитаник да готват храна со мелени мисиркини плескавици кои го содржат безопасниот вирус МС2, а потоа земале примероци од површините во нивните кујни.

Тие откриле дека 48 отсто од теглите за зачини имаат микроорганизми од мисирка, што укажува на вкрстена контаминација со MС2; односно теглите со зачини имале најголема концентрација на MС2 во споредба со другите кујнски површини, пренесе Индекс.хр.

Откако испитаниците го подготвија оброкот, експертите земаа брисеви од 12 области во кујната; вклучувајќи кујнски прибор и површини за подготовка на храна. Брисевите потоа беа транспортирани во микробиолошката лабораторија на Државниот универзитет во Северна Каролина, каде што беше извршено детекција на MС2.

Сите кујни беа дезинфицирани со 10 отстотен раствор за белење пред експериментот, а пред испитаникот да влезе во кујната, бил земен контролен брис од површината во близина на мијалникот за да се осигура дека кујнската околина не е контаминирана и дека нема траги од MС2.

Анализата на брисевите покажа дека во повеќето случаи бројот на примероци кои укажуваат на контаминација со MС2 изнесува околу 20 отсто; исклучок беа контејнерите со зачини за кои 48 отсто од примероците покажаа докази за вкрстена контаминација со MС2.

Научниците веруваат дека теглите со зачини се толку склони кон инвазија на патогени, бидејќи луѓето едноставно не ги чистат колку што треба; односно повеќе се концентрирани на миење работни површини, кујнски прибор и, на пример, рачки од шкафчињата.

Истражувањето, под наслов Cross-Contamination to Surfaces in Consumer Kitchens with MS2 as a Tracer Organism in Ground Turkey Patties, беше објавено во Журналот за заштита на храната (Journal of Food Protection).https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close