Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести
Автобус излетал од патот Битола-Прилеп повредени патници од селата Лопатица, Лисолај, Кукуречани и Крклино
Во несреќата, Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телени повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.
На 22.02.2023 во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А.(50) од Битола, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата, Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телени повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.