fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Платежната агенција апелира до земјоделците најдоцна до денеска да достават барање за прологирање на рокот за достава на барањата за исплата на тракторите од Национална програма

Адресата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  Бул Трета Македонска ударна брига бр 20  ( Поранешна зграда на  Македонија Табак, Блок Ц )  1000 Скопје 

Агенцијата за финансиска поддршка има информации дека постои таков проблем со немање на регистарски таблички. Најголем дел од  Подрачните единици на МЗШВ, во координација со земјоделците веќе доставија барања за продолжување на рокот за достава на барањата за исплата.
Оние апликанти кои тоа не успеале да го сторат, а имаат склучено договор за финансиска подддршка за набавка на трактор преку Националната програма, потребно е најдоцна до денеска, преку препорачана пратка да испратат писмо со барање за продолжување на рокот за доставување на барањето за исплата. Во барањето потребно е да побараат анекс на договорот со образложување на проблемот односно немање на регистарски таблички. Во барањето да наведат име презиме на апликантот, број на договорот за набавка на трактор и истите да ги испратат најдоцна денеска преку пошта во препорачано писмо на следната адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
 Бул Трета Македонска ударна брига бр 20 
( Поранешна зграда на  Македонија Табак, Блок Ц ) 
         1000 Скопје 
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close