fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година

Средствата од потточка 1.6 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите утврден во риболовната основа и донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води за периодот од 1 ноември 2022 година до 30 септември 2023 година

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија” број 72/07,5/09,43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и (,,Службен весник на Република Северна Македонија” број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот

АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2023 за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година.

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата од потточка 1.6 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите утврден во риболовната основа и донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води за периодот од 1 ноември 2022 година до 30 септември 2023 година и тоа за направени трошоци за:

-услуги од трети лица (рибочувари) за физичка заштита на рибите во висина од не повеќе од просечна месечна бруто плата во дејноста по ангажирано лице

-набавено гориво за пловни објекти во сопственост на концесионерот или даден на користење на концесионерот

-набавено гориво за возила во сопственост или дадени на користење на концесионерот

-изнајмување на пловни објекти од трети лица

Средствата од потточка 2.2. се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 01 февруари до 31 мај 2023 година.

Средствата од потточка 2.2. се исплаќаат скалесто и тоа:

– за купен или сопствен подмладок до 3.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 3500 кг до 7000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 7000 кг до 9000 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок над 9000 кг – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се доставуваат во оригинален примерок.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2023 година („Службен весник на РСМ”, бр. 37/2023 и 120/23).

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2023 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците ,,Барање за исплата” со листата на потребни документи и Упатството за корисници може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 14:30 часотна адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул., 3-та Македонска бригада” бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2023 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/2023 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата

Доколку ковертот не е обележан како што се бара, Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства:

За Потточка 1.6

-за вршење на дополнителна физичка заштита на рибите во период од 1 ноември 2022 до 20 март 2023 година, краен рок е 17 јули 2023 година.

За потточка 2.2

– за насадување на рибниците во период од 01 февруари до 31 мај 2022 година, краен рок е 17јули 2023 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-450 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сектор за одобрување на исплата.

Телефон: 02 3097 – 450, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

E-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close