fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од мрежата на земјоделци најавуваат протест доколку не им бидат исполнети барањата

20 денари откупна цена за пченицата, враќање на оризовите семенски субвенции и експерти да ги одредат производните цени на секој земјоделски производ, ова се барањата на Националната земјоделска мрежа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Нема крај на земјоделските маки. Укинати се субвенциите за набавка на оризов семенски материјал, тврдат од Националната мрежа на индивидуални земјоделци. 20 денари откупна цена за пченицата, враќање на оризовите семенски субвенции и експерти да ги одредат производните цени на секој земјоделски производ, ова се барањата на Националната земјоделска мрежа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во писмо кое ќе го испратат деновиве до ресорното Министерство, очекуваат овие барања да им бидат исполнети и велат доколку не добијат одговор тогаш излегуваат на протест.

„Наместо да не стимулирaат на нас ни се случува дестимулација во земјоделието, наместо да се постигне некаков договор, ситуацијата се влошува. “ – додаваат од Националната мрежа на индивидуални земјоделци.

Капацитет за производство имаме, но постојано сме сведоци на недостаток на храна по пазарите, тоа мора да се промени, велат земјоделците од кочанскиот регион. Секоја нова сезона за производство за нив е неизвесна, бидејќи како што велат немаат ниту утврдени производни цени, ниту пак сигурен откуп кој ќе ја гарантира нивната егзистенција. Инаку, последен пат земјоделците од овој регион протестираа минатата година. Тогаш се одржаа неколку состаноци, кои не го дадоа очекуваниот резултат, па оттука земјоделците најавуваат дека нема да престанат да протестираат, сè додека не бидат исполнети нивните барања.https://24.mk/

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close