fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Цената на тоалетната хартија би можела драстично да скокне до крајот на годината

Се проценува дека овие производи ќе поскапат за цели 40 проценти!

Цената на целулозата во Кина е во постојан пораст во последните неколку недели, што може сериозно да влијае на растот на цената на тоалетната хартија и крпите во Европа.

Се проценува дека овие производи ќе поскапат за цели 40 проценти!

Производителите на тоалетна хартија, крпи, марамчиња и други производи од целулоза се збунети од наглото и неочекувано поскапување на основната суровина што ја користат во производството – целулозата.

Поскапувањето на оваа суровина ќе влијае и на крајните производи, а однесувањето на големите производители е различно – некои веќе прават огромни залихи на целулоза. Поскапувањето почнува од Кина, каде целулозата на почетокот беше многу евтина, што предизвика различни реакции на пазарот. Потоа следеа најави за затворање на некои фабрики, а потоа и тренд на зголемување на залихите на оваа суровина. Целата оваа „пазарна игра“ би можела да ја покачи цената на тоалетната хартија за дури 40 отсто.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close