Комерцијална банка ќе понуди цена за купување на Стопанска банка Битола
Над 5 отсто во Стопанска Битола има само Пелистерка, и тоа 16,99 отсто.
Комерцијална банка си остана на зборот, дефинитивно сака да ја купи Стопанска банка Битола, и тоа сите нејзини акции.
Банката од поодамна извести дека почнала постапка за присоединување на Стопанска банка Битола, а во изминатиов период се правеше длабинска анализа на „книгите“, и тоа по се изгледа дека е завршено.
Но, утрово како бомба одекнува информацијата дека каде и да е, Комерцијална банка ќе упати повик до акционерите на Стопанска банка Битола, за преземање на сите обични акции на банката со право на глас.
Банката за тоа утрово ја извести акционерската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии до вредност.
„Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да дадe понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола“, се вели во објавата од Комерцијална банка.
Над 5 отсо во Стопанска Битола има само Пелистерка, и тоа 16,99 отсто.
Акцијата на Комерцијална банка постојано растеше во последниов период, а покрај фантастичните резултати, односно одличните добивки и дивиоденди, се смета дека намерата за преземање на Стопанска банка Битола е една од причините за уште подраматичниот интерес за акциите на Комерцијална банка.
Стопсанска банка Битола има издадењно вкупно 390.977 акции.
На последното тргување на редовниот пазар една акција на Стопанска банка Битола сер продавала по цена од 3.080,43 денари за акција, што значи дека нејзината последна пазарна капитализација е 19,6 милиони евра, објави faktor.mk