Двајца врвни лекари загинаа утрово во сообраќајката кај Прилеп
Официјално СВР Битола соопшти
Двајца врвни лекари од приватната болница Плодност Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп на пат за Битола. Загинаа примариус доктор Александар Ристески, радилог и гинекологот д-р Никола Василески. Животот го загуби и Фанче Јованоска рендген техничар во болницата, сите од Прилеп, дознава АПЛА.МКhttps://apla.mk/direktno/
Официјално СВР Биотла соопшти дека – На 03.10.2024 во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво”со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола . Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп . Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп . Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци.