Поголем развој на селата со ИПАРД 2

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

За европските пари ќе можат да конкурираат занаетчиите, угостителите, ветеринарите, локалните радиодифузери и земјоделците што се занимаваат со алтернативно земјоделско производство.

pogolem razvoj na selata so ipard 2

 

Со ИПАРД 2 програмата која треба да почне втората половина од годинава, инвестициите во  руралните средини ќе се подржуваат со најголема стапка, односно со субвенции од 65 проценти .

Минималните прифатливи трошоци за инвестиција се од 3.000, а максималните до 1.000.000 евра.

До 3.000.000 евра ќе се поддржуваат само поголеми инвестиции за производство и продажба на енергија од обновливи извори.