
Миле Кебакоски – Да се исплатат субвенциите за житото и Владата да исплати по 5 денари за предаден килограм пченица од Интервентниот фонд
Се наоѓаме во една тешка финансиска ситуација, не знаеме уште колку вакви жетви ќе можеме да издржиме. Не изненадува игноранскиот однос на Министерството за земјоделие и на Владата во врска со субвенциите, откупот на пченицата и цената. Зад овој нивни однос се крие нешто, но не знаеме што? Можеме само да претпоставиме.
Миле Кебакоски претседател на Здружението на земјоделци од Пелагонија „Фармери Југозапад“ за „Зелена берза“ реагира дека производителите на пченица не се задоволни од ‘неорганизираниот’ откуп на родот, од стравувањата за прекин на откупот и неисплатените субвенции.
„Во најава е прекин на откупот на житото од откупувачите-трговците. А згора на сето ова и субвенциите не се исплатени. Се наоѓаме во една тешка финансиска ситуација, не знаеме уште колку вакви жетви ќе можеме да издржиме. Не изненадува игноранскиот однос на Министерството за земјоделие и на Владата во врска со субвенциите, откупот на пченицата и цената. Зад овој нивни однос се крие нешто, но не знаеме што? Можеме само да претпоставиме. Претходниот период се изгубивме во чекање на ребаланс на буџет, реконструкција на влада, а владата добива во време бидејќи нема пари“, изјави Кебакоски за “Независен“ и од Владата бара на земјоделците производители на жито да им се исплатат по 5 денари за предаден килограм пченица од Интервентниот фонд.
А.Блажевска




