Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Струмичките земјоделци да пријават штети од невремето

Земјоделците да приложат важечки имотен лист, лична карта и трансакциона сметка.

Струмичките  земјоделци кои претрпеа штети од невремето на 20 и 21 јули може да поднесат барање за проценка на штетите до матичните општини.

Во Општина Струмица барањата може да се поднесуваат до 31 јули. Во Општина Босилово барањата ќе може да се поднесуваат од 27 јули до 5 ти август. Во Ново Село барања за проценка на штета до општина Ново Село ќе се поднесува од понеделник 27 јули до петок 31 јули. Идната недела ќе се знае рокот за поднесување на барања и во Општина Василево бидејки таму во понеделник ќе има седница. Повеќе од сигурно е дека идната недела ќе може да се пријават штети од силниот ветар и во оваа општина.

Се повикуваат земјоделците во наведените рокови  да поднесат барање за процена на штета притоа да понесат  важечки имотен лист, лична карта и трансакциона сметка.

Веднаш потоа на терен ќе излезат комисиите кои ќе ги утврдуваат штетите.

Поврзани новости

Back to top button