fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Продолжува топлото време – температури до 38 степени, УВ индексот 9

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималните температури ќе се движат од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со дневна до 38 степени. Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури, кои на југоистокот повторно ќе надминат 40 степени. Услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи ќе има во среда попладне.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close