fbpx
ВестиТоп вести

АД ЕСМ донираше 10 илјади евра за фотоволтаична централа на Техничкиот факултет во Битола

АД ЕСМ  донираше 10 илјади евра за фотоволтаична централа на Техничкиот факултет во Битола со што уште еднаш се потврди долгогодишна соработка меѓу компанијата и факултетот. Централата ќе се постави  на објектот на Техничкиот факултет и ќе се користи за добивање на електрична енергија за сопствени потреби и истовремено инсталацијата ќе се користи како лабораторија за студентите за нивно едуцирање.

– Соработката што факултетот и компанијата ја имаат датира одамна, но во цел тој период изостанала конкретна поддршка од страна на ЕСМ за институцијата. Тоа го менуваме со одлуката ЕСМ да додели 10.000 евра на Техничкиот факултет Битола за поставување на фотоволтаици на покривот преку кои ем ќе обезбедува дел од сопствените потреби за струја, ем ќе може да ја користи инсталацијата како своевидна лабораторија во која студентите практично ќе се едуцираат. Се надевам дека со оваа донација ЕСМ како енергетски стожер во земјава ќе даде придонес за квалитетна обука на стручни кадри во областите кои се неопходни за освежување на човечкиот потенцијал во компанијата и во земјата, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ на Република Северна Македонија.

 

Фотоволтаичната електро централа од АД ЕСМ ќе биде со моќност од 10 киловати. На Техничкиот факултет во Битола веќе се инсталирани две централи донации од МЕПСО, истотака со  моќност од 10 киловати и од ЕВН. Вишокот произведена струја ќе се продава, што според деканот на техничкиот факултет Стојанче Нусев ќе биде придонес во финансискиот дел за факултетот.

 

-Голема благодарност за донацијата, фотоволтачна-електро централа. Таа ќе биде монтирана на кровот на нашиот факултет. Вишокот електрична енергија ќе се предава во системот на АД МЕПСО. Централата ќе служи и како лабораториска опрема за студентите на електро-техничкиот и машинскиот отсек, рече  Нусев , декан на Техничкиот факултет од Битола.

Според деканот оваа година на факултетот ќе почнат  и обуки за  оператори  со фотоволтаични централи.

-Алтренативните извори на енергија ќе бидат се попопуларни и од наредната година во рамките на т.н неформално образование, сите кои завршиле средно образование ќе се стекнат со струка оператори со фотоволтаични централи. Имаме смерови заштита на животна средина каде ќе се изучува оваа проблематика, добивање на струја од алтернативни извори на енергија. Секако ќе се намали и загадувањето , рече деканот Нусев.  

А.Блажевска  

Слични написи

Back to top button
Close